Капитенот на Нестор ќе биде прво засилување на шпанскиот првак?

Атлетико Мадрид како нов шпански првак се пушти во мисијата да додаде на квалитет во екипата со цел повторно да биде конкурентен во однос на Реал Мадрид и Барслеоназа следната сезона.

Првата желба на Диего Симеоне е капитенот на Удинезе и соиграч на Илија Несторовски, Родриго Де Паул. Офанзивниот креативец на Зебрите се најде на радарот на неколку гиганти, меѓутоа Атлетико направи конкретен потег и понуди 20 милиони евра плус младиот дефанзивец Нехуен Перес.

Оваа понуда се чини недоволна со оглед на тоа дека намерата на Удинезе е што повеќе да заработи барем двојно повеќе од тоа што го нуди Атлетико, но Де Паул е подготвен за чекор напред во кариерата и можеби калчолигашот ќе направи попуст.

Како и да е, Удинезе сигурно ќе ја наполни касата бидејќи го купи 27-годишниот аргентински репрезентативец за само три милиони евра во 2016 година од Валенсија. Од тогаш, Де Паул запиша 184 настапи за Зебрите со учинок од 34 погодоци и 36 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести