Капитенот Стојановски пред турнирот во Талин: Ова ќе биде еден добар тест за нас

За капитенот на машката сениорска селекција, и тоа веќе долги години, Војдан Стојановски, натпреварите во Талин, зошто не и во Гљивице, се тест за можностите на тимот но во исто време можност повеќе за прибирање на повеќе од потребното искуство за оние помлади играчи кои се дел од овој собир во главниот град на Естонија.

„Ова сум го кажал во доста прилики и тоа останува и за оваа. Ние како екипа, кои сме тука во Талин, ќе дадеме сè од себе да се прикажеме во едно добро светло и да стигнеме до еден добар резултат. Што се однесува до противниците, станува збор за доста добри репрезентации. Во изминатиот период видовме со кој потенцијал ќе дојдат тука во Талин. Оттука сметам дека ова ќе биде еден добар тест, да видиме колку можеме во еден ваков состав, во кој има неколку измени. Но, во исто време да биде и едно искуство плус за оние помладите играчи во репрезентацијата пред кои следуваат и други вакви, слични предизвици“, вели капитенот Стојановски пред официјалниот почеток на турнирот кој е закажан за утре попладне.

Извесно е дека пред себе имаме три доста квалитетни противници, како што се селекциите на Чешка, Израел и Естонија, која е и во улога на домаќин на турнирот. Според програмата, турнирот кој се игра во градската арена „Тондираба“ во Талин, од 15 часот, ќе го отвори дуелот помеѓу домаќинот Естонија и Чешка. А три часа подоцна, од 18 часот, Македонија ќе игра против репрезентацијата на Израел.

ОЛИМПИСКИ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ – ТАЛИН 2023

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

12. АВГУСТ (САБОТА)

15.00: Чешка – Естонија

18.00: МАКЕДОНИЈА – Израел

13. АВГУСТ (НЕДЕЛА)

15.00: Израел – Чешка

18.00: Естонија – МАКЕДОНИЈА

14. АВГУСТ (ПОНЕДЕЛНИК)

СЛОБОДЕН ДЕН

15.АВГУСТ (ВТОРНИК)

15.00: Чешка – МАКЕДОНИЈА

18.00: Израел – Естонија

- Оглас -

Најнови вести