Капрари првпат ја допре топката за голема победа на Сампдорија

СПАЛ и Сампдорија одиграа скромен меч што го реши џокерот на гостите Џанлука Капрари со гол во 91-вата минута. Само што влезе во игра 60 секунди претходно, при првиот допир со топката Капрари ја погоди мрежата на Бериша, доволно за три бода на гостувањето во Ферара.

Со вториот триумф во новата сезона во Серија А, Сампдорија стигна до 8 бода, но сè уште е во опасната зона за испаѓање во понизок ранг.

СПАЛ сега е последен со 7 бодови, колку што има и Бреша, но со меч повеќе. Ова е прва победа за Клаудио Раниери на клупата на тимот од Џенова во четвртиот меч откако пристигна како нов тренер на клупата на Сампдорија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести