Карачиќ смирува: Aко треба и со една нога ќе играм во полуфиналето!

Некогашниот вардаров миленик Игор Карачиќ се покажува како вистински предводник на репрезентацијата на Хрватска на Европското ракометно првенство. Карачиќ вчера даде 10 гола и беше најзаслужен за ремито на Коцкестите против Шпанија (22:22).

Сепак, пред крајот на мечот, навивачите на Хрватска се уплашија кога забележаа дека Карачиќ се жали на повреда. По еден дуел со Алекс Душебаев, поранешниот вардарец доби удар во коленото. Многумина од навивачите се запрашаа дали Игор ќе биде подготвен за најважниот дуел на првенството, а тоа е полуфиналето против Норвешка.

„Не постои никаква теорија да го пропуштам полуфиналето. Ако треба ќе играм и со една нога. Сѐ е во најдобар ред, немојте да се грижите“, беше пораката на Карачиќ во видеопораката која беше поставена на инстаграм-профилот на физиотерапевтот на хрватската репрезентација, Дамир Кајба.

https://www.instagram.com/p/B7o48ARp4-J/?utm_source=ig_web_copy_link

 

- Оглас -

Најнови вести