Карагер: Де Бројне е подобар од Кантона, Ѕола и Беркамп, со него Ливерпул ќе беше шампион

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и актуелен ТВ-експерт и аналитичар, Џејми Карагер, го пофали играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бројне.

„Тој е најдобриот играч во Премиер лигата во последните четири или пет години. Мислам дека тој навистина одигра одлучувачка улога во успехот на Манчестер сити. Ако му облечеш дрес на Ливерпул, Ливерпул би ја освоил лигата. Толку е доминантен. Кевин ќе остане запишан како еден од најголемите играчи во историјата на Премиер лигата. Кантона, Ѕола, Беркамп се апсолутно легендарни фигури, а Кевин е подобар од нив тројца“, изјави Карагер за „Скај спортс“.

- Оглас -

Најнови вести