Карагер: Во моментов нема подобар фудбалер на светот од Салах

Џејми Карагер, некогашниот фудбалер на Ливерпул, а сегашен аналитичар, смета дека крилниот напаѓач на Црвените, Мохамед Салах, во моментов е најдобар фудбалер на светот.

„Не верувам дека во моментов има некој подобар фудбалер во светот од Салах. Искрено го мислам тоа. Има феноменален учинок во последните неколку недели. Тоа што го прави за Ливерпул никој не може да му го оспори. Во животна форма е, не сум го видел вака да игра“, рече Карагер по мечот на Ливерпул со Манчестер сити, на кој Салах имаше гол и асистенција.

- Оглас -

Најнови вести