Карактеристично за Мурињо, прво ќе ја „стега“ одбраната на Рома

Жозе Мурињо од првиот ден во јули ќе ја почне авантурата со Рома, а во меѓувреме Специјалниот си прави листа на потенцијални засилувања со кои ќе ја почне преродбата на гигантот од „Олимпико“.

Карактеристично за него, прво ќе гледа да ја засили одбранбената линија, a прв пик му е дефанзивец на Манчестер сити кој сезонава не се изнаигра под палката на Пеп Гвардиола. Станува збор за Нејтан Аке, холандскиот стопер за кого Граѓаните лани издвоија дури 50 милиони евра, меѓутоа тој тешко се изборуваше за место во првиот тим покрај големата конкуренција од Стоунс, Лапорте и незаменливиот Рубен Дијаш.

Аке би требало да се вклопи со помладите дефанзивци кои се веќе во Рома, пред сè со заменик-капитенот Манчини, Ибањес и Кумбула, додека искусните Смолинг и Фацио веројатно ќе бидат жртви при аквизацијата на репрезентативецот на Лалињата, кој веќе соработуваше со Мурињо додека го носеше дресот на Челзи како надежен талент, пред да биде продаден во Борнмут.

- Оглас -

Најнови вести