Голманот Војќех Шченсни е херојот на Полска, кој со одбрана во последната серија на бараж-дуелот против Велс успеа да го одбрани ударот на Џејмс и да ја однесе својата репрезентација на Европското првенство во Германија.
Дуелот помеѓу Велс и Полска заврши без голови и во регуларните 90 минути и по продолженијата, а изведувачите на пеналите беа безгрешни сè до последната серија, кога токму Џејмс не успеа да го совлада полскиот голман.