Стеф Кари од Вориорс е играч со најголема плата во НБА-лигата

Стеф Кари од Голден Стејт вориорс е најскапиот кошаркар во НБА-лигата според годишните примања кои ги имаат играчите во најсилната светска лига. Според објавените податоци, Кари во оваа сезона ќе заработи 37.457.154 долари, со што е најплатениот кошаркар.

Второто место го држи Расел Вестбрук со 35.665.000, а блиску зад него се Крис Пол и Лербон Џејмс со по 35.654.150 долари. Првата петорка ја заокружува Блејк Грифин со 31.873.932 долари.

Во наредната сезона 2019/20, Кари ќе биде прв со фантастични 40,2 милиони долари, а на второ место ќе избие Пол со 38,5 милиони, додека третата позиција ќе ја делат Вестбрук и Џејмс Харден со по 38,1 милиони.

Во 2020/21, ќе има неколку играчи со над 40 милиони долари годишна заработка, но Кари ќе биде предводник со 43 милиони, додека Леброн Џејмс дури во 2021/22 ќе земе над 40 милиони од ЛА Лејкерс.

Од европските кошаркари, најдобар договор во моментов има Никола Јокиќ со 25,4 милиони, кои од сезона во сезона ќе се зголемуваат за по два милиони.

- Оглас -

Најнови вести