Кари оди во Далас кај Дончиќ, Томпсон на оригинален начин покажа каде ќе игра следната сезона (Видео)

По доаѓањето на Кристапс Порзингис во Далас, Каубоите доведува уште еден нов играч. Сет Кари, братот на Стеф Кари, треба да го облече дресот на тимот од Тексас. За четиригодишна верност со Далас, Кари ќе заработи 32 милиони долари.

За Сет Кари ова всушност ќе биде враќање во Далас, клубот за којшто играше во сезоната 2016/17, кога имаше и просек од 12 поени по меч. Сега Кари ќе треба да се вклопи со Лука Дончиќ и тие двајца да бидат ударното дуо од надворешните позиции.

Голден стејт откако не успеа да го задржи Кевин Дурант, кој замина во Бруклин, во следните пет години повторно ќе го има Клеј Томпсон. Еден од најдобрите шутери во НБА се согласи да остане во Голден стејт и потпиша нов петгодишен договор, вреден 190 милиони долари. Тоа е максималната сума која може да ја добие Томпсон, со што само се покажува колку е значаен играч во тимот на актуелниот вицепрвак во НБА.

Томпсон на својот инстаграм-профил постираше дел од познат филм и со тоа само потврди дека останува во Голден стејт.

 

 

- Оглас -

Најнови вести