НБА лудило: Дурант и Ирвинг потпишаа за Бруклин, се чека и Џордан

По три сезони поминати во Голден стејт, Кевин Дурант си замина од тимот на Воините. Еден од најдобрите играчи во НБА решил да направи трансфер во Бруклин нетс. Се работи за договор на четири години вреден 164 милиони долари. Интересно е што Голден стејт му нудеше нов петгодишен договор на Дурант, и тоа за сума од 221 милион долари, но ѕвездата ја одби оваа понуда и реши да го смени клубот.

Дуарант, кој е 10-кратен играч на Олстар, со Голден стејт се радуваше на две титули во НБА, а во неодамна завршената сезона се повреди во плејофот. Најпрво паузираше поради повреда во полуфиналето со Хјустон, а потоа, кога се врати за финалето против Торонто, повторно заработи нова повреда и сега го очекува подолга пауза.

Освен Дурант, во Бруклин дојдоа и Кајри Ирвинг и Деандре Џордан, соиграчите на Дурант од Олимписките игри во 2016 година. Ирвинг се согласи на максимален договор вреден 141 милион долари, додека за Џордан се предвидува дека договорот ќе му важи на четири години и вкупно 40 милиони долари. Со овие тројца играчи, Бруклин, кој минатата сезона ја заврши со 42 победи и 40 порази, сега автоматски се промовира во еден од главните претенденти за титулата во новата сезона.

Освен Дурант, од Голден стејт си замина и Андре Игудала, кој е нов играч на Мемфис, додека Воините се засилија со Д‘Анџело Расел од Бруклин, и тоа за договор вреден 117 милиони долари.

Џими Батлер реши да си замине од Филаделфија и во следните четири сезони ќе игра на Флорида, во дресот на Мајами, и тоа за договор вреден 142 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести