Кари со најголемиот договор во историјата на НБА

Стеф Кари, ѕвездата на Голден стејт вориорс е пред потпишување на нов договор со НБА-клубот во кој ја поминува целата досегашна кариера. Најавите се дека Кари ќе го стави потписот на нов четиригодишен договор вреден неверојатни 215 милиони долари.

Кари веќе е најплатениот кошаркар во светот и годишно заработува 44 милиони долари по сезона, но со новиот договор ќе добива дури 53,75 милиони евра годишно.

Бекот, кој веќе има 33 години, е лидер на Голден стејт, а успеа во клупските витрини да донесе три НБА-титули, а двапати беше прогласуван за МВП во првенството.

 

- Оглас -

Најнови вести