Карим го доведе Реал чекор поблиску до старт на сезоната со освоен трофеј (видео)

Карим Бензема искусно погоди за 2-0 во корист на Реал Мадрид против Ајнтрахт Франкфурт во 65-тата минута од Суперкупот на УЕФА.

На типично реаловски начин проработе офанзивното дуо Винисиус-Бензема, Бразилецот асистираше до капитенот на Кралевите, а овој со силен удар од прва го совлада Трап, кој пак се обиде да одбрани, но топката сепак заврши во неговиот гол.

На околу 20 минути до крајот на мечот во Хелсинки, Реал е поблиску до петта титула во ова натпреварување, кое последен пат го освои во Скопје против Манчестер јунајтед во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести