Кариус ѝ се пушта на слободната Адријана Лима

Лорис Кариус, кој се прослави во фудбалскиот свет како најлош голман, откако се пресели во турски Бешикташ, почна да станува популарен кај жените, и тоа припаднички на понежниот пол кои се барем една деценија постари од него.

Откако го поврзуваа со една Турчинка, најновата „бомба“ која предизвика бура во турските медиуми е дека Кариус на „Инстаграм“ почнал да ја следи Адријана Лима, а и таа него. И сето ова откако славната бразилска манекенка, која е 12 години постара од голманот, се расчу дека раскинала со момчето Метин Хара.

Неофицијално, турскиот писател Хара ѝ предложил брак на Лима, но таа не прифатила и затоа дошло до прекин на врската и крај на љубовта. Лима беше омажена со кошаркарот Марко Јариќ, со кого има две ќерки, па веројатно веќе не сака да влегува во брак.

Дали помеѓу Лима и Кариус има симпатии или нешто повеќе од тоа, веројатно ќе се дознае во следниот период.

- Оглас -

Најнови вести