Карлос Тевес е изборот за нов тренер на Индепендиенте, навивачите се бунат

Аргентинската фудбалска легенда Карлос Тевес треба да стане тренер на Индепендиенте, но фановите на овој клуб не го сакаат популарниот Апачи и по социјалните мрежи почнаа кампања против него.

Индепендиенте е во долниот дел на табелата во аргентинската лига, а Тевес не бил прв избор, но само тој од кандидатите го прифатил предизвикот.

Тевес има мало искуство како тренер. Го водел само Росарио сентрал од јули до ноември 2022 година, и на тоа на 24 меча, на кои имаше 6 победи, 10 ремија и 8 порази.

- Оглас -

Најнови вести