Карвахал ќе го пропушти дуелот со Еспањол, Oдриосола ќе дебитира за „кралевите“

Дани Карвахал беше единствениот фудбалер на Реал Мадрид кој денес не се појави на теренот наменет за тренинг на екипата. Предводникот на Кралевите, Хулен Лопетеги, потврди дека Шпанецот се соочува со мала повреда, а шанса да дебитира во белиот дрес ќе добие летното засилување Алваро Одриосола, во мечот против Еспањол во рамките од петтото коло во Ла Лига.

„Карвахал се справува со мала повреда и нема да настапи утре против Еспањол, се надеваме дека ќе биде подготвен за дуелот против Севилја. Одриосола добро се покажа на последните неколку тренинзи и утре ќе добие шанса да дебитира“, потврди Лопетеги за шпанските медиуми на дешената прес-конференција.

Дваесет и двегодишниот Шпанец на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна летово од редовите на Реал Сосиедад за сума од 30 милиони евра. За првиот тим сѐ уште нема забележано настап бидејќи непосредно по неговиот трансфер, се повреди, а неговото закрепнување траеше речиси два месеца.

- Оглас -

Најнови вести