Шестмина кандидати да го заменат Влаховиќ во нападот на Јувентус

Душан Влаховиќ летово како слободен играч ќе го напушти Јувентус (договорот му истекува на 30 јуни), и тоа го натера клубот од Торино веднаш да почне потрага по нов централен напаѓач.

Први на листата на желби им се Александер Сорлот од Атлетико, Рандал Коло Муани од Тотенхем и Жан-Филип Матета од Кристал палас. Според некои медиуми, Сорлот е фаворит на раководството, други пишуваат дека е Коло Муани.

Ако не направат ништо со нив, на агендата им се и Дарвин Нуњес, Мауро Икарди и Гонзало Рамош.

- Оглас -

Најнови вести