Квотите во Sport Life се совпаѓаат со пресметките на Суперкомпјутерот за тоа кои селекции се фаворити за трофејот на СП2026

Точно една недела останува до почетокот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Ова ќе биде историски Мундијал затоа што првпат ќе се игра во три земји и првпат ќе биде со дури 48 репрезентации.

Иако е зголемен бројот на учесници, кога се работи за листата на фаворити, фокусот е на неколку репрезентации. Пред големи натпреварувања, стандардно суперкомпјутерот прави проценки, а овојпат прв на листата на фаворити е репрезентацијата на Шпанија. Црвената фурија на Мундијалот доаѓа како актуелен европски владетел и ќе сака да ги обедини двата најважни трофеи.

Над 50 отсто шанси се даваат Шпанија да игра во четвртфиналето, дури 39 отсто дека ќе стигне до полуфиналето, а дека ќе игра во финалето е со 25,5 отсто. Шпанија да биде светски првак има 16,1 отсто.

На оваа листа за можни шампиони по Шпанија следуваат Франција (13 отсто), Англија (11,2 отсто), Аргентина (10,4 отсто), Португалија (7 отсто), Бразил (6,6 отсто), Германија (5,1 отсто), Холандија (3,6 отсто), Норвешка (3,5 отсто), Белгија (2,4 отсто), Колумбија (2,1 отсто)….

Ако се погледне понудата во Sport Life за тоа какви се квотите за селекциите да бидат светски прваци, речиси и да нема разлика во пресметките на Суперкомпјутерот.

- Оглас -

Најнови вести