Касано го „загуби“ мозокот: За две децении нема никој да го памети Тоти

Антонио Касано важеше за еден од најконтроверзните играчи изминативе децении. Некогашниот напаѓач на Рома и Реал Мадрид, како и на неколку останати италијански гиганти, имаше нов испад пред медиумите во Италија.

„За две децении никој од фудбалските фанови нема да знае кој е Франческо Тоти. Сите ќе ги паметат Меси, Роналдо, Кројф и Марадона.

Навивачите на Рома се луди зошто го исвиркуваат Лусијано Спалети, тој е тренерот што го имаше еден од најголемите успеси во последните години“, изјави Касано гостувајќи во едно ТВ-шоу.

Спалети беше тренер во периодот од 2016-2017 година, кога му соопшти на Франческо Тоти дека за него нема место во првиот тим, поради што легендата на Рома му се налути и одлучи да се пензионира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести