Касано: „Мурињо ја уништи Рома, се надевам дека нема да се врати во Италија“

Поранешниот напаѓач на екипата на Рома, Антонио Касано, во телевизиско гостување жестоко го нападна Жозе Мурињо и го обвини дека го руши угледот на Римската волчица.

„Мурињо рече дека ќе оди на одмор. Се надевам дека веќе никогаш нема да се врати во Италија. Одвратно, во последните две години гледавме само тепачки. Учествуваше во рушењето на имиџот на Рома. Поради моите пријатели во клубот, се надевам дека ќе си оди во Португалија и нема да се врати тука“, критикуваше Касано.

Критиките од поранешниот италијански репрезентативец следуваат по реакциите на Мурињо кон главниот судија на финалниот натпревар од Лигата на Европа против Севиља, иако и самиот Касано посочува дека судиите направиле грешки на штета на Рома.

- Оглас -

Најнови вести