Касорла е посебен велемајстор: Погледнете ја неговата паненка (видео)

Санти Касорла како да проживува втора младот во Ал-Сад. Шпанскиот ветеран вчера го постигна својот 12-ти погодок за оваа сезона со кој ја потврди победата на катарскиот првак на гостувањето кај Ал-Гарафа со 2-0.

Касорла во 65-тата минута погоди велемајсторски од пенал, направи толку опасна паненка што само ја поткопа топката доволно да го насамари противничкиот голман.

Инаку, ова беше 17-та победа за тимот на Чави Ернандес во само 20 лигашки натпервари, а уште пред две кола ја обезбедија титулата во катарското првенство.

https://streamable.com/jfprnc

- Оглас -

Најнови вести