Kaспер е пантер меѓу лисиците, Лестер се коцка со третото место (видео)

Второ реми за Лестер по рестартирањето на сезоната во Премиер лигата, овојпат на домашен терен Лисиците одиграа без голови со Брајтон. Тимот на Брендан Роџерс може да се радува што остана непоразен во овој меч бидејќи ги спасуваше капитенот Каспер Шмајхел.

Данскиот голман спречи погодок на гостите од белата точка во 14-тата минута откако го прочита обидот на Маупај. Претходно Лисиците ремизираа со Ватфорд при конечни 1-1, па сега третото место на табелата не им е сигурно бидеќи Челзи заостанува само четири бода и има меч помалку.

https://twitter.com/theokn_/status/1275478232792522752

- Оглас -

Најнови вести