Катар ќе биде крај на возбудлива епоха – Последен Мундијал е за квартетот фудбалери со вкупно 14 златни топки

Лионел Меси и Кристијано Роналдо како доминантни фудбалери во последните 15-на години ќе го играат последниот Мундијал во своите кариери и имаат последна шанса да ја освојат светската титула.

Заедно со нив лебедовата песна за простување од репрезентацијата во Катар ќе ја испеат и Лука Модриќ и Карим Бензема, тандемот од Реал Мадрид, но на СП и лути ривали со Хрватска и Франција.

Квартетот поснати светски асови има дури 14 златни топки заедно, а доминираат Меси со рекордни 7 и Роналдо со пет.

Модриќ беше најдобар играч во 2018 година кога со Хрватска играше финале на СП во Русија, а загуби од Франција без Карим Бензема, кој тогаш не играше.

Бензема е актуелен носител на признанието „Балон Д`Ор“ што го доби неодамна како најдобар фудбалер во 2022 година.

Тој се врати во составот на Франција и ќе биде еден од адутите на актуелниот светски првак во обидот да се сочува круната.

Првенството почнува утре во 17 часот со премиерниот меч меѓу Катар и Еквадор.

 

- Оглас -

Најнови вести