Катастрофална игра во последните 4 минути донесе пораз за МЗТ Скопје Аеродром

МЗТ Скопје Аеродорм го претрпе петтиот пораз во АБА 2 лигата откако на гостувањето кај Сплит загуби со 98:85. И по овој пораз, македонскиот првак остана на второто место на табелата, но сега има три порази повеќе од лидерот Борац.

Аеродромци пред овој меч имаа четири победи во низа против Сплит, но не успеаја да стигнат до петка. Речиси во текот на целиот меч беше неизвесно. Сплит имаше предност од пет поени во првите 10 минути (27:22), но МЗТ во втората четвртина одигра многу подобро и успеа негативата од пет разлика, на полувремето да ја претвори во позитива од пет поени (50:45).

Во третата четвртина домаќините стигнаа само на два поени, што значеше и неизвесна завршница. МЗТ имаше водство од 80:79 на 4:30 минути до крајот, а потоа како да се случи крах во играта на аеродромци. За неполни три минути Сплит направи серија од 14:1 и на 100 секунди до крајот домаќините стигнаа до предност од 93:81 и веќе беше јасно дека бодовите ќе останат за Хрватите.

Крстевски со 18 поени беше најефикасен кај МЗТ, а двоцифрени беа и Стојановски (17), Милошевиќ (15) и Хиндс (10 поени). Перковиќ со 21 поен беше најефикасен не само кај Сплит туку воопшто на мечот.

- Оглас -

Најнови вести