Повеќе од јасно е дека Единсон Кавани ќе ја продолжи кариерата во редовите на португалскиот вицепрвак Бенфика. Орлите посакуваат експресно враќање на врвот откако изминатата сезона го препуштија тронот на лутиот ривал Порто, а со ангажманот на Кавани сигурно ќе бидат поблиску до целта.
Затоа Бенфика на Уругваецот ќе му плаќа 10 милиони евра по сезона во следните три години. Двете страни се договорија на соработка, останува уште да се официјализира големиот ангажман, по што Кавани ќе биде најплатен фудбалер во португалскиот шампионат.
Бенфика претходно доби квалитетно засилување во Јан Вертонген, исто така без пари, како и Лука Валдшмит и Евертон Соарес.