Легендарниот Руи Коста ги промовираше новите засилувања на Бенфика (фото)

Спортскиот директор на Бенфика Руи Коста, вчера ги промовираше новите засилувања. Португалскиот вицепрвак во еден ден ги претстави Јан Вертонген, Евертон Соарес и Лука Валдшмит.

Вертонген пристигна како слободен играч откако му заврши соработката со Тотенхем. За Евертон се потрошија 20 милиони евра, алисабонските Орли добија врвен фудбалер за кого претходно голем интерес покажаа клубови како Арсенал, Челзи, Тотенхем, Ливерпул… Валдшмит ги чинеше 15 милиони евра, повремениот германски репрезентативец пристигна од Фрајбург.

Сепак, на „Да Луж“ допрва ќе биде еуфорично, се очекува потписот на Единсон Кавани, што само потврдува дека Бенфика гради супер-тим за новата сезона и најавува враќање на тронот во Португалија.

- Оглас -

Најнови вести