Денис Черишев и Артем Ѕјуба беа главни креатори на убедливата победа на Русија во Астана против Казахстан со 4:0.
Тандемот напаѓачи на гостите доминираа на теренот, а си разменуваа асистенции и голови. На додавање на Јонов, Черишев во 19. минута ја погоди мрежата на Непогодов, а Русија поведе со 1:0.
Потоа Ѕјуба му асистираше на напаѓачот на Валенсија, а Черишев пак погоди во втората минута од судиското продолжение на првиот дел за најава на сигурна победа на Русија.
Во 52 минута улогите се заменија, па Черишев одлично го пронајде шпицот на Зенти, а Ѕјуба беше прецизен за 3:0, за потоа и Бејсебеков да си постигне автогол.
Ова е прва победа за Русија во вториот квалификациски меч во И групата за пласман на ЕП 2020 година. Казахстан на стартот ја декласира Шкотска со 3:0, но сега Русите им оддржаа фудбалска лекција.
Во меч од Е групата Велс ја победи Словачка со 1:0, со дебитансткиот гол на 21-годишниот Даниел Џејмс во петтата минута.