Казахстан како намерно да сакаше да загуби: Неверојатно каков гол примија пред крајот на мечот (Видео)

Белорусија победи со 2:1 на гостувањето кај Казахстан во меч од второто коло во Лигата на нации. Гостите беа фаворити, но малку фалеше да не победат. Во првото полувреме немаше голови, а потоа Белорусија поведе со 1:0. Домаќините успеаа да израмнат во 62 минута, но потоа домаќините направија несфатлива грешка.

Се играше 86 минута, кога Казахстан требаше да изведе аут во својата половина. Изненадувачки, домашниот фудбалер сакаше да ја врати топката до голманот, а тоа го искористи Лисакович кој ја прифати топката и без многу проблем погоди за победа од 2:1.

Белорусија е противник на Грузија во полуфиналето од плејофот за настап во Европското првенство 2020 година, каде свои шанси има и Македонија.

https://youtu.be/rk7cj_2sf5M

 

- Оглас -

Најнови вести