Ќе биде чудо ако на Работнички – Струга Трим Лум има повеќе од два гола

На арената „Тодор Проески“ денеска од 15 часот ќе играат Работнички и Струга Трим Лум, во првиот меч од 25. коло во Прва македонска фудбалска лига. Ова е дуел на две екипи кои се израмнети со силите, па не случајно досега Работнички освои 31, а Струга ТЛ 30 бодови. Двата тима се далеку од горниот дел на табелата, но и комотни кога се работи за зоната за испаѓање.

Кога играат овие два тима, не треба да се очекува меч со повеќе погодоци, што го покажува и фактот дека двата тима сезонава во 24 меча погодиле само по 19 пати. И традицијата во меѓусебните дуели го вели истото, дека ќе нема многу возбудувања.

На седум од последните осум меча на овие два тима било сиромашно со голови, односно немало повеќе од два погодоци. Само еднаш и тоа на меч во Струга, домаќините славеле со 2:1. Дури пет пати било од нула до еден гол во овој период.

Останатите дуели од ова коло во Прва лига ќе се играат утре, а двојките се: Академија Пандев – Скопје, Брегалица – Ренова, Македонија Ѓорче Петров – Пелистер, Шкендија – Борец и Шкупи – Тиквеш.

Денеска се играат мечевите и од второлигашката конкуренција во Исток и Запад.

- Оглас -

Најнови вести