Ќе биде чудо Еурофарм Пелистер да е во финале – коефициентот за триумф на битолчани е 11

Екипата на Еурофарм Пелистер ќе биде единствениот македонски претставник на фајнлфор-турнирот од ракометната СЕХА-лига, кој започнува денеска во Задар. Вардар, кој е најтрофеен клуб во ова натпреварување, нема да биде дел од завршницата и тоа втора година по ред.

Битолчани во полуфиналето ќе имаат невозможна мисија затоа што играат против главниот фаворит за златото, Веспрем. Унгарскиот тим се очекува да победи со разлика барем od седум гола.

За победа на Пелистер на овој меч коефициентот е дури 11.

Полуфиналните возбудувања денеска започнуваат со хрватската пресметка меѓу Нексе и Загреб, а Загреб ја има улогата на фаворит.

- Оглас -

Најнови вести