Ќе биде интересно според можните состави и имињата на отсутните за куп-дуелот Интер – Милан

Вечерва градските ривали Интер и Милан ќе играат четвртфинален куп-натпревар, а иако не е првенствена пресметката, двата тима ќе бидат многу мотивирани и ќе сакаат да го освојат Купот на Италија. Нема место за поправка, се игра само еден меч и само еден тим од Милано може да биде полуфиналист.

Со оглед на формата во која се Нераѕурите и Росонерите, очекувањата на тифозите се големи. Тренерот на Интер, Антонио Конте, изјави дека ова е многу важен меч за нив.

„Ова е многу важен меч за нас. Го почитуваме Купот на Италија и сакаме да го освоиме. Милан не е само Ибрахимовиќ, тие располагаат со одличен состав, првото место во лигата не е случајно. Верувам во моите момци и се надевам дека по средбата ќе славиме пласман во полуфиналето“, вели Конте.

Според најавите на италијанските медиуми, приновата на Милан, Марио Манџукиќ, ќе биде на клупата за резерви, а кај Интер стартер ќе биде Александар Коларов.

Кај Интер ќе го нема Дамброзио, а Ериксен и Сенси би биле резерви, додека се очекува одмор да добијат Бастони, Хакими и Лаутаро Мартинес. Во редовите на Милан ќе го нема голманот Донарума, кој поради приговор од клупата доби црвен картон во осминафиналето.

Победникот од мечот Интер – Милан во полуфиналето за противник ќе го има Јувентус или СПАЛ.

Можни состави за вечерва:

Интер: Хандановиќ, Шкринијар, Де Вреј, Коларов, Дармијан, Барела, Брозовиќ, Видал, Перишиќ, Лукаку, Алексис Санчес.

Милан: Татарушану, Далот, Кјаер, Ромањоли, Тео Ернандес, Меите, Кеси, Салемакерс, Брахим Дијас, Леао, Ибрахимовиќ.

- Оглас -

Најнови вести