Ќе биде ли аспирин за спас на Џенова? Германски репрезентативец од Баер ќе игра со Пандев

Надием Амири ќе ја засили Џенова во битката за опстанок во Серија А, а доаѓа во најстариот италијански прволигаш од Баер Леверкузен како позајмен играч.

Амири е репрезентативец на Германија од 2019 година и има пет настапи за една од најсилните фудбалски селекции на светот.

За Баер игра три сезони, но во оваа не е стандарден и има мала минутажа, па одлучи до крајот на сезоната да се пресели во Италија, во тимот за кој игра Горан Пандев.

Амири има 25 години и е напаѓач, но може да игра и во средниот ред.

„Надием смета дека нема доволна минутажа во Баер и затоа замина во Џенова. Има амбиции посериозно да конкурира за место во селекцијата на Германија за настап на Мундијалот во Катар и ние му посакуваме многу среќа и да успее во намерата“, изјави Симон Ролфс, кој е спортски директот на популарните Фармацевти од Леверкузен.

Џенова доби одлично засиливање во битката за опстанок во Серија А. Тимот за кој настапува Пандев има смао една победа во 23 настапи и со 13 бода е на претпоследното место во Калчото.

 

- Оглас -

Најнови вести