Ќе биде спектакл: 150 Комити пристигнуваат во Битола на големото дерби меѓу Пелистер – Вардар

Пелистер и Вардар утре од 18:00 часот се среќаваат во уште еден мегдан на двата ракометни гиганти од нашата држава.

И онака жешката атмосфера којашто е најавена во салата „Боро Чурлевски“, дополнително ќе биде подгреана со присуството на 150 вардарови навивачи, односно популарните Комити.

Како што е добро познато, салата во Битола е целосно распоредадена, според сите ковид-19 протоколи, а нè очекува голема битка на теренот.

Најсериозните кандидати за титулата во Суперлигата ќе ги одмерат силите во меч којшто значи многу повеќе од обична победа или пораз.

- Оглас -

Најнови вести