Ќе фалат неговите ремек-дела – Кариерата ја заврши уметникот за слободни удари (Видео)

Лејтон Бејнс ја заврши фудбалската кариера со 20-на минутен настап денеска за Евертон против Борнмут. Левиот бек на Карамелите играше само за два клуба во богатата кариера и постигна вкупно 31 гол, грото од нив мајсторски по прекрасно изведени слободни удари.

Почна во Виган во 2002 година, а во Премиерлигата настапуваше во последните 15 години. По 145 настапи за популарните Латикс, се пресели во Ливерпул во редовите на Евертон и по 13 години минати на „Гудисон парк“ денеска ја заврши кариерата.

Неговите слободни удари беа вистинска уметност, а со игрите успеа да стаса и до 30 настапи за англиската репрезентација.

Бејнс има 35 години, а денеска го одигра 415. меч, последен во Премиерлигата и во кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести