Ќе гледаме нова германска мода – Бундеслигата ќе се доигра со маскирани фудбалери

Бундеслигата е речиси комплетно подготвена за рестарт на сезоната, предвидена за 9. мај, но има нови и интересни моменти во комплексната процедура да се игра врвен фудбал во услови на пандемија со Ковид-19.

Министерството за труд на Германија сака максимално да бидат заштитени играчите, но и сите актери во фудбалската игра, па има подготвено документ со кој се предвидува и опција фудбалерите да носат маски.

Документот беше чуван како врвна тајна, но дел од медиумите веќе дојдоа на чуден начин до него и ги објавија детаљите.

Се предвидува сите фудбалери да носат маски, а дури и ќе се прекинуваат натпреварите, ако некому од нив му падне маската од лицето.

Предвидено е да нема групно радување за головите, а веќе се знае и процедурата да има подготвени 25 илјади тестови за Коронавирус, доволни за да се доигра сезоната.

Бундеслигашите имаат уште 9 кола за да ја завршат сезоната 2019/20.

- Оглас -

Најнови вести