Ќе го бомбардира Волфсбург, па ќе оди под нож

Баерн Минхен потврди дека Роберт Левандовски утре по мечот со Волфсбург ќе оди на операција. Се работи за ситна повреда на бутниот мускул, поточно во пределот на пепоните, а познато е дека Полјакот веќе извесно време чувствува болки. 

Се чекаше токму зимската пауза за Левандовски да оди под нож, а дуелот против Волците е последен за оваа година во Бундеслигата. Германците ќе одмораат околу две недели, што се совпаѓа со предвиденото време за рехабилитација на голгетерот на Баварците.

На овој начин Левандовски ќе може да го зголеми своето конто на погодоци сезонава. Засега стои на 19 гола во шампионатот и е прв стрелец, односно вкупно 30 во сите натпреварувања.

Инаку, Волфсбург е еден од омилените противнички тимови на Левандовски, сите го паметат неговото деветминутно шоу во кое Полјакот постигна пет гола во мечот кој се одигра во 2015 година. Во 19 средби против Волците досега, Роберт засега брои вкупно 21 погодок.

- Оглас -

Најнови вести