Левандовски е првиот фудбалер со 30 гола сезонава

Роберт Левандовски е првиот фудбалер од топ 5 европските лиги кој успеа да стигне до границата од 30 погодоци сезонава. Полскиот бомбардер вчера се запиша во листата стрелци во гостинската победа на Баерн Минхен од 3-1 против Фрајбург, што за него беше 19-ти гол во Бундеслигата, односно вкупно 30-ти во сите натпреварувања.

Уште пред зимската пауза, Левандовски успеа да стигне до овој учинок и најавува дека ќе се бори за Златната копачка на Европа. Ѕвездата на Баерн до бројката од 30 погодоци стигна по 24 одиграни натпревари – 19 гола се во Бундеслигата, 10 во Лигата на шампионите и еден гол во германскиот куп.

Интересно е што Левандовски само на три првенствени меча сезонава не успеа да се запише во листата на стрелци, против Дизелдорф, Леверкузен и Менхенгладбах, додека останатите екипи го почувствуваа неговиот глад за голови.

- Оглас -

Најнови вести