Ќе гори Босфор, турскиот гигант во јануари ќе тргне по потписот со Роналдо

По неуспешниот обид да си замине од Манчестер јунајтед во летниот преоден рок, судбината на Кристијано Роналдо повторно станува актуелна и можно е во јануари да се пресели во Турција и тоа во редовите на Галатасарај.

Роналдо не е прва опција во нападот на Јунајтед, менаџерот Ерик тен Хаг натпреварите ги започнува со Маркус Рашфорд и Ентони, па Португалецот повторно почна да размислува за заминување од „Олд трафорд“.

Проблемот за Роналдо е што тој сака да игра во врвен тим и да се бори за трофејот во Лигата на шампионите и изминатото лето се поврзуваше со Баерн, Челси, Атлетико, Наполи, Милан, Интер, Спортинг, Барселона, ПСЖ, но сето тоа остана на шпекулација.

Сега се појави нов потенцијален купувач, тоа е турскиот гигант Галатасарај, пишуваат и турските и англиските медиуми.

Челниците на Галатасарај веќе неколку месеци се во контакт со агентот на Португалецот, Жорге Мендеш на кого наводно му доставиле понуда со која Роналдо во јануари идната година би се преселил во Истанбул.

Доколку се реализира овој трансфер, тогаш сигурно е дека навивачите на Галатасарај ќе го запалат Босфор од еуфорија.

Турскиот гигант во летниот преоден рок донесе неколку звучни засилувања како Дрис Мертенс, Лукас Тореира, Хуан Мата и Мауро Икарди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести