Ќе гори на Партизан – Олимпијакос, во Арената ќе бидат и хрватските легенди Тони Кукоч и Дино Раѓа

Натпреварот помеѓу Партизан и Олимпијакос е најинтересниот од петте кои ќе се играат вечерва во кошаркарската Евролига затоа што на двата тима им треба победата, особено на домашните.

Црно-белите од Белград се борат за место во плејин-разигрувањето, додека Црвено-белите од Пиреа со победа вечерва би обезбедиле плејоф.

Посебен шарм на средбата ќе ѝ даде присуството на двете легенди на хрватската и светската кошарка, Тони Кукоч и Дино Раѓа. Кукоч е во Белград поради промоцијата на филмот кој му е посветен нему.

Пред 33 години, на последниот негов меч во главниот град на Србија, тогаш како член на сплитскиот Поп 84, кој во тоа време беше најсилен тим во Европа, доби аплаузи од фановите на Партизан, кој таа вечерва беше целосно надигран од Кукоч и соиграчите.

До крајот на регуларната сезона остануваат само уште три кола. Директна битка за место во плејин ќе има и во Каунас, каде што Жалгирис го пречекува Милано.

Стандардно, во Sport Life може да се обложите на голем број игри и на индивидуалци, за кои имате избор да погодувате колку поени ќе имаат, колку скокови или колку асистенции.

- Оглас -

Најнови вести