Женската селекција на Македонија е во полуфинале на училишното СП во ракомет

Македонскиот национален тим во женска конкуренција ќе игра во полуфиналето на Светското првенство во училишен ракомет, на шампионатот кој се одржува во Скопје, откако денеска во четвртфиналето бевме подобри од Бразил со 19-18.

Тимот на селекторот Даниела Новеска-Вељаноска, во полуфиналето ќе се сретне со Романија.

Бразилките во првото полувреме водеа во два наврати и со големи пет голови разлика што не беше наивна ситуација, но нашите девојки не потклекнаа, туку се бореа, и на две минути до крај на првото полувреме изедначија, а во последната секунда погодија за 11-10, резултат со кој се замина на одмор.

Во второто полувреме Македонија го одржуваше водството кое беше тесно. На две минути до крај при 19-17, двапати се одбранивме до играч помалку, но во финишот имаше мала драма. Бразил дојде на 18-19 на 30-тина секунди до крајот и вршеше пресинг со цел да ги натера Македонките да погрешат, но со тајм-аут и умешност, го потрошивме времето и следу аше заслужена радост.

Ања Лашкоска беше најефикасна со 5 голови, Ивана Трифуноска даде 4 гола, Рона Мифтари 3, Анастасија Тодоровска и Антонела Ѓероска по 2, а Тара Аврамовска, Марија Димоска и Мила Ристовска иама по 1 гол. Секако во победата придонесоа и голманките и сите кои влегоа во игра.

- Оглас -

Најнови вести