Ќе има „Битка за Британија“ – Џошуа го прифати предизвикот на Фјури

Ентони Џошуа и Тајсон Фјури договорија бокс средба во декември. Двајцата најдобри боксери ќе се борат во „Битката за Британија“, односно кој од нив ќе го има приматот најдобар боксер на Островото.

Иако официјалниот датум сè уште не е познат, најверојатно тоа ќе се случи кон крајот на оваа година, односно во декември.

Џошуа пред неколку недели по втор пат загуби од Александар Усјик, кој исто така изрази желба да се бори со „Кралот на циганите“.

- Оглас -

Најнови вести