Ривер плејт и Национал ќе го играат премиерниот меч во најсилната парагвајска лига по повеќе од четири месеци пауза поради пандемијата со ковид-19, а во Монтевидео ќе се игра вечерва од 22 часот.
Парагвајците, како и сите во останатите првенства, направија принуден прекин на почетокот на март поради корона-вирусот и сега ќе продолжат со популарната Апертура.
Гостите се подобропласирани по 8 одиграни кола и моментно се на третото место со 14 бодови. Го победија клубот со славно име и при последното гостување, па повторно се фаворити.
Национал е и клуб со многу поголемо реноме од парагвајскиот Ривер плејт и има 9 титули, за разлика од ривалот, кој нема ниту една шампионска круна.
По 8 кола, лидер е Либертад со 19 бодови, пред убедливо најтрофејниот парагвајски клуб Олимпија со 15 бодови, но и пребогата колекција од 44 пехари.