Ќе има спектакуларен нов почеток во Англија – Суперкупот ќе се игра со публика на „Вембли“

Спектакуларен нов почеток најавија Англичаните, а новата сезона 2020/21 ќе биде со меч од Суперкупот, и тоа со публика на „Вембли“ на 29 август.

Битката за пехарот во популарниот Комјунити шилд, според најавите, ќе го гледаат околу 20 илјади луѓе, или четвртина од вкупниот капацитет на стадионот што има околу 80 илјади места.

Шампионот Ливерпул го очекува противникот на мегдан, а дали тоа ќе бидат Челзи или Арсенал, ќе се знае по одигрувањето на финалето во националниот куп закажано за први август од 18.30 часот.

Фудбалската асоцијација на Англија, ФА, најави дека речиси сигурно ќе се игра со публика, а поради строгите протоколи во услови кога не е спорена пандемијата со ковид-19 ќе има дистанца на трибините и помалку публика од стандардниот капацитет.

Ова ќе биде прв меч во Англија што ќе се игра со присуство на навивачи на трибините од март, кога имаше прекин на сите фудбалски активности поради Коронавирусот.

Новата сезона во Премиер лигата треба да почне на 12 септември, а финалето во Комјунити шилд ќе биде вистински тест за одлука што ја очекуваат сите во Англија, во новото првенство да има и публика на стадионите.

 

- Оглас -

Најнови вести