Ќе има три или повеќе гола на дербито во „градот на ангелите“

ЛА Галакси – Лос Анџелес ФК (04.00 часот)

На градското дерби во МЛС лигата, се среќаваат најдобриот тим и „галаксијата“ предводена од Ибрахимовиќ кој ги провоцираше противниците, особено најдобриот играч и прв стрелец Карлос Вела. Лос Анџелес игра многу ефикасно, има 53 гола на 20 меча, има серија од три победи по ред, и можеби е благ фаворит, но мотивацијата на „галактичарите“ кои дома не знаат за пораз од Лос Анџелес на двата меѓусебни меча, е голема.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.61)

 

Њујорк јенкис – Колорадо рокис (01.05 часот)

Домашните се големи фаворити според сите анализи и податоци. Јенките се лидери на американската лига, додека Колорадо е десетти во националната лига. Њујорк има три победи по ред, а „карпестите“ имаат четири порази едноподруго. Традицијата на нивните меѓусебни дуели и не е премногу валиден показател, бидејќи последен пат се сретнале во 2016 година.

Предлог тип: 1 (1.45)

 

Синсинати редс – Сент Луис кардиналс (01.10 часот)

Моментната форма на двата тима најавува победа на гостите, иако квотата за единица е нешто помала. Синсинати има три порази во низа и паднат е на претпоследно место во својата лига, додека „кардиналите“ имаат четири победи на последните пет меча. Синоќа беше 7-4 за Сент Луис, веруваме дека повторно ќе слават.

Предлог тип: 2 (1.95)

 

Кливленд индијанс – Канзас сити ројалс (01.10 часот)

Индијанците се единствениот тим во лигата кој ги доби своите последни пет натпревари. Тимот од Кливленд е во одлична форма и би требало да го победи гостинот. Но, Канзас има четири победи по ред, па сигурно ќе има голема борба помеѓу два тима кои не сакаат да им заврши позитивниот тренд. Последните три меѓусебни дуели завршија со четири поеони разлика во полза на Индијанс.

Предлог тип: > 9.50 (1.95)

 

Хјустон астрос – Тексас ренџерс (02.10 часот)

Хјустон е фаворит во тексашкото дерби, но бидејќи квотата за добиен прв ининг е поголема, тука би препорачале да играте дека Астрос ќе победат во првиот ининг. Хјустон е втор на табелата зад Њујорк, а Тексас е осми и има четири порази едноподруго. Последната победа за Ренџерс е токму против Астрос, но потоа играа уште двапати, а славеше Хјустон.

Предлог тип: 1 пол. (2.30)

- Оглас -

Најнови вести