Ќе ја продолжи ли Ферстапен традицијата? Хамилтон од 2015 година нема победено во првата трка

Макс Ферстапен вчера беше најдобар во квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Бахреин, па сега холандскиот возач на Ред бул цели со победа да ја стартува новата сезона во Формула 1.

Холанѓанецот беше побрз од болидите на Мерцедес, застана на чело во редот пред актуелниот светски шрвак Луис Хамилтон и неговиот колега Валтери Ботас.

Ферстапен со пол-позицијата ќе се обиде да продолжи една традиција, а тоа е да го остави Хамилтон шеста година по ред да ја почне сезоната без победа. Британецот од 2015 година нема триумфирано во воведната трка од новата сезона, но тоа не го спречи на крајот да стигне до седум светски титули.

трката во Бархеин е закажана за 17 часот.

- Оглас -

Најнови вести