Аз Алкмар минимално со 1:0 славеше над Легија од Варшава во меч од Конференциската лига на УЕФА. Освен голот кој беше доволен за победа и три бода на домаќините, дуелот го одбележа и еден опасен старт.
Се играше 65 минута кога Мајкел Лахдо несмасно реагираше и со високо крената нога, удри директно во главата на противникот Рибеиро. Судијата без многу размислување му даде директен црвен картон.
Czerwona kartka!
Nie zapraszamy do dyskusji…
🔴📲 Oglądaj online ▶️ https://t.co/TdbBgqA6Sb pic.twitter.com/6vBVBDnbeg
— TVP SPORT (@sport_tvppl) October 5, 2023
На трибините на стадионот имаше транспарент на кој пишуваше „Лахдо“ а таму беа најблиските на фудбалерот на АЗ Алкмар кој доби црвен картон. ТВ камерата забележа како еден млад фан кој беше покрај транспарентот на кој пишуваше „Лахдо“, почна да плаче.
Целата ситуација може да ја видите ТУКА.