Ќе останат запишани во историјата – Момците од главниот град го освоија првиот пехар во Корона ерата

Со пресврт и триумф од 2:1, екипата на Истиклол Душанбе го освои пехарот во Суперкупот на Таџикистан и е првата екипа што стаса до титула во ерата на Коронавирусот.

Во период кога речиси комплетниот спорт на светско ниво е во мирување во Таџикистан се игра фудбал, а денеска шампионот на оваа земја го победи освојувачот на купот Кујанд и го крена пехарот.

Ова беше и дуел на двете првопласирани екипи од ланскиот шампионат, а веќе во втората минута аутсајдерот поведе со 1:0 со голот на Риксибоев.

Сепак Истиклол ја оправда улогата на фаворит, откако лани со 15 бодови предност ја освои титулата во Таџикистан и со голови во период од само 120 секунди направи пресврт и го освои трофејот.

Во 76. минута Џалилов израмни на 1:1, а победата ја донесе Рахимов со погодок во 78. минута. Финалето се играше без публика.

 

- Оглас -

Најнови вести