Ќе почекаме до април за пласман на ЕП 2024

Серијата од 7-0 на крајот на првото и почетокот на второто полувреме, кога после резултатот 11-11, Португалија поведе со 18-11, се покажа како клучна за рутинската победа на Португалците над Македонија од 32-27 во дуел од квалификациите за Европското првенство кое во јануари следната година се игра во Германија.

Португалците си обезбедија место на ЕП, а избраниците на Кирил Лазаров тоа ќе треба да го направат на крајот на април, кога играме со аутсајдерите Луксембург и Турција.

Најефикасни во македонскиот тим беа Филип Кузмановски со 10 и Мартин Серафимов со 5 голови, додека Мартин Томовски имаше девет одбрани.

- Оглас -

Најнови вести