Ќе пука од емоции, Барселона вечер за последен пат игра на сегашниот „Камп Ноу“!

Натпреварот помеѓу Барселона и Мајорка нема да биде обичен лигашки дуел и незначаен, напротив, ќе биде запишан во историјата како последен кој се одиграл на „Камп Ноу“, стадионот на кој Барса 66 години игра како домаќин.

Каталонците ќе го реновираат својот дом, и тој ќе има многу поинаков изглед од пвој денешниот. Новиот „Камп Ноу“ истотака ќе биде најголем во Европа, а додека се вршат градежните работи (во целата следна сезона и дел од 2024/2025), Барса како како домаќин ќе игра на олимпискиот стадион „Луис Компани“ познат и како „Монжуик“.

За прошталната забава на славниот „Камп Ноу“ на кој како домашни или гости играа сите најголеми фудбалски ѕвезди, Барса ги повика фановите вечер да дојдат во сино-црвени дресови, а простување со клубот ќе имаат Серхио Бускетс и Жорди Алба.

- Оглас -

Најнови вести