Ќе се откаже ли и Ѓоковиќ од Олимпијадата во Токио: Морам да размислам, шансите се 50:50

Настапот на Новак Ѓоковиќ на Летните олимписки игри во Токио од 23 јули до 8 август е неизвесен откако најдобриот тенисер на светот изјави дека мора добро да размисли дали да атакува на олимпиското злато во Јапонија.

Ѓоковиќ победи на Вимблдон и сега има голема шанса да го комплетира големиот тениски шлем во ист циклус, односно во низа да биде шампион на Отвореното првенство на Австралија, на Ролан Гарос и на Вимблдон во иста година.

„Морам добро да размислам. Моментно шансите се 50:50. Малку е разочарувачка одлуката да нема публика на трибините, а најавени се и рестрикции во олимпиското село. Сепак, сон на секој спортист е да учествува на Олимписки игри. Ќе видиме“, изјави Ѓоковиќ.

Досега учеството на олимпискиот турнир во тенис од познатите играчи го откажаа Рафаел Надал, Денис Шаповалов, Доминик Тим и Ник Кирјос, па евентуалното неиграње и на Ѓоковиќ би бил голем удар за Летните олимписки игри во Токио.

 

- Оглас -

Најнови вести